logo
logo
logo

ЌЕ ИМА НАМАЛУВАЊЕ НА АКЦИЗИТЕ кај дизелот и безоловните горива

Vecer | 18.07.2026

ЌЕ ИМА НАМАЛУВАЊЕ НА АКЦИЗИТЕ кај дизелот и безоловните горива

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива.

Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште три месеци, цените се такви што сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива, изјави Мицкоски, одговарајќи денеска при посетата на Дебрца.

Во понеделник се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ја соопшти новата цена на горивата која ќе важи во следните седум дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk