logo
logo
logo

Ристески: ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ХАОС КАЈ ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Vecer | 31.01.2026

Ристески: ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ХАОС КАЈ ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Мораме сите заедно да соработуваме во рамки на Економско-социјалниот совет за да ги решаваме прашањата кои се во насока на подобрување на економијата и животниот стандард на сите граѓани, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

– Ние како влада и министерство за економија и труд спроведовме голем број на мерки и активности за подобрување на животниот стандард и раст на сите плати. Изминатиов период се работеше на финансиска консолидација и стабилизација по еден навистина турбулентен период во економијата изминативе 7-8 години, имаме позитивни резултати и врз истите треба да ги градиме идните економски политики – рече Ристески во денешното гостување на емисијата „Стадион“ на радио Канал 77.

Тој додаде дека сите прашања се дискутираат на ЕСС и сите решенија треба да произлезат преку дијалог на инволвираните страни.

– Оваа Влада не поддржува ад хок решенија за важни економски прашања, истите не треба да се административно-политикантски одлуки со кои може да се нанесат и други потреси во економијата, туку истите треба да се производ на сериозен пристап, анализа на економските параметри и преговори на инволвираните страни. Токму овој несериозен пристап од минатата политичка гарнитура во јавниот сектор создаде хаотична ситуација со платите, каде истите се регулираат со разни колективни договори, правилници и одлуки, а како резултат на тоа имаме состојби каде денес во исти ресори, па дури и во исти институции, вработени на исти позиции да имаат различни плати -рече Ристески.

Тој додаде дека во делот каде што владата е работодавач, досега потпишани се колективни договори .

– Со нив на најголемиот број од вработените во јавниот сектор им се зголемија платите во повеќе сектори (образование, здравство, МВР, култура, социјалните центри…), а остануваат околу 7.300 вработени во министерствата. Ние како Влада предложивме скалесто зголемување и формула со која до 2028 година и на овие вработени би им се зголемила платата за околу 40% – рече Ристески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk