Дизел ќе се точи за 98.5 денари, бензините поскапуваат за 3 денари

Vecer | 27.07.2026

Дизел ќе се точи за 98.5 денари, бензините поскапуваат за 3 денари
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои на сила стапуваат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,726 ден/кг.

„Од 28.7.2026 година од 00,01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98, 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 48,099 (денари/килограм)“ соопшти РКЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk