Дали вашите податоци се навистина безбедни?
Dell PowerProtect DD3410 носи ново ниво на backup и cyber resilience
Во време кога ransomware нападите, губењето на податоци и прекините во работењето стануваат секојдневен ризик, backup повеќе не е само ИТ процедура - туку клучен дел од бизнис стратегијата. Компаниите денес бараат решенија кои не само што ги зачувуваат податоците, туку овозможуваат нивно брзо обновување и континуитет на работењето.
Токму со таа цел е создаден Dell PowerProtect DD3410 - современо backup решение од Dell Technologies кое комбинира високи перформанси, напредна заштита од сајбер закани и значително намалување на трошоците за складирање на податоците.
Што претставува Dell PowerProtect DD3410?
Dell PowerProtect DD3410 е дел од докажаната Data Domain платформа на Dell Technologies, наменета за backup storage, deduplication и cyber resilience. Решението е дизајнирано за организации кои сакаат enterprise-grade заштита на податоците без потреба од комплексна и скапа инфраструктура.
Благодарение на компактниот дизајн и едноставната имплементација, DD3410 е одличен избор за мали и средни компании, како и за организации со распределени ИТ системи.
Клучни придобивки
Со Dell PowerProtect DD3410 организациите добиваат:
· висока ефикасност при backup и recovery процесите;
· компактна 2U архитектура која заштедува простор;
· интеграција со cloud и multicloud околини;
· напредна заштита од ransomware напади;
· значително намалување на storage трошоците преку deduplication технологија;
· сигурност и континуитет во работењето.
Помалку простор, повеќе капацитет
Системот поддржува физички капацитет од 8 TB до 40 TB, а благодарение на напредната deduplication технологија логичкиот капацитет може да достигне до 2 PB.
Со комбинација од DDR5 меморија, SSD и HDD дискови и брзи мрежни конекции, Dell PowerProtect DD3410 обезбедува брз backup, сигурно складирање и брзо враќање на критичните податоци кога тоа е најпотребно.
Брза интеграција со постоечката инфраструктура
Една од најголемите предности на решението е неговата лесна интеграција со постоечките ИТ системи, VMware околини и cloud инфраструктури.
Тоа овозможува имплементација без значителни промени во постојната инфраструктура и со минимален прекин на деловните процеси.
Инвестиција во сигурност
Dell PowerProtect DD3410 претставува модерно, сигурно и економично backup решение за организации кои сакаат долгорочно да ги заштитат своите податоци. Комбинацијата од напредна deduplication технологија, cyber resilience функционалности и едноставна интеграција нуди одличен баланс помеѓу перформанси, сигурност и вкупни трошоци на сопственост.
За компании кои бараат стабилна backup платформа со можност за брзо обновување на податоците и заштита од современи сајбер закани, Dell PowerProtect DD3410 претставува сигурна инвестиција во нивната идна ИТ стратегија.
АИТОНИКС АД е авторизиран дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за целокупното Dell Technologies портфолио, со фокус на project-based продажба и имплементација на решенија за бизнис корисници. Со повеќе од 25 години искуство во ИТ дистрибуција и развој на софтверски решенија, АИТОНИКС АД претставува доверлив партнер за современи технолошки решенија на македонскиот пазар.
Dell Technologies им помага на организациите и поединците да ја изградат својата дигитална иднина преку иновативни технолошки решенија и услуги, трансформирајќи го начинот на кој работат, управуваат и се развиваат.
За повеќе информации во врска со производите на Dell Technologies, разгледајте онлајн на webshop-от на AITONIX, или контактирајте го продажниот тим на 02 329 83 38 или на email адреса [email protected]
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата