logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ: Јавниот долг се намалува, економијата стабилна како резултат на фискалната дисциплина и домаќинско управување

Vecer | 07.08.2026

ВМРО ДПМНЕ: Јавниот долг се намалува, економијата стабилна како резултат на фискалната дисциплина и домаќинско управување

Со домаќинското управување со јавните финансии има резултати и се создава основа за стабилна и предвидлива економска средина, смета партијата на власт ВМРО ДПМЕ, кои преку соопштение до јавноста информираат за тоа дека Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните.

Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП, што претставува намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал. Во апсолутен износ, јавниот долг е намален за 21 милион евра и изнесува 10.726 милиони евра.

Позитивниот тренд е уште поизразен ако се направи споредба со претходниот период. Во однос на крајот на 2024 година, јавниот долг е намален за 2,6 процентни поени, додека споредено со крајот на 2025 година намалувањето изнесува 0,6 проценти. Овие показатели се потврда дека со одговорен пристап и внимателно управување со ресурсите, државата успева да ја зачува финансиската стабилност и да создава услови за економски развој.

Во период кога се сервисираат значајни обврски наследени од минатото, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успева да обезбеди редовно исполнување на финансиските обврски, стабилност на буџетот и истовремено реализација на проекти што имаат директно значење за граѓаните. Намалувањето на јавниот долг не е само статистички показател, туку доказ за поинаков пристап во управувањето со државните средства кои треба да бидат насочени кон инвестиции, развој, подобра инфраструктура, здравство, образование и отворање нови економски можности.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики на одговорно управување, фискална дисциплина и создавање стабилна економија која ќе обезбеди подобри услови за граѓаните и идните генерации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk