Автобусите на ЈСП на 31 декември и 1 јануари ќе возат по НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД

Vecer | 31.12.2023

Автобусите на ЈСП на 31 декември и 1 јануари ќе возат по НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ЈСП информира дека денеска, на 31 декември, и понеделник, на 1 јануари, јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

На 31 декември и на 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.

Од вторник, тие ќе продолжат со вообичаено работно време.

Жичарницата денеска, на 31 декември, ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре, на 1 јануари, од 11 до 17 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk