– Владата, министерствата, собранието, претседателот, ЕСМ, Мепсо, имаат намалена потрошувачка во проек од 29 отсто, што е повеќе со вкупната заштеда од 20% остварена во септември. Задоволство ми е да кажам дека сите институции во октомври имаат намалена потрошувачка. Најмала заштеда има кај здравство од 18%, а кај МОН има заштеда од 58%. Заштедата кај Владата е 32%, кај Собранието е 22%, кај Претседателот е 24%, кај ЕСМ е 25%, а кај Мепсо е 22%. Ако се земат податоците на сите државни претпријатија, агенција и управи, вкупната заштеда е 24% – истакна Бектеши на прес-конференцијата.Согласно податоците само на министерствата со сите нивни единици на локално ниво, заштедата е околу 33%. Министерството за животна средина заштедило 94%, а МОН заштедило 24%. Министерствата за внатрешни работи и за економија заштедиле 30%. Споредбено со октомври 2021, јавните претпријатија со сите подрачни единици заштедиле 17%.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата