logo
logo
logo

Директорите на МЕПСО и на „Кончар“ беа на увид во трафостаницата во близина на Охрид

СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ РАБОТИТЕ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР КОН АЛБАНИЈА

Vecer | 28.05.2026

СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ РАБОТИТЕ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР КОН АЛБАНИЈА

Хрватска компанија „Кончар“ ги интензивира работите на новата 400 kV трафостаница во близина на Охрид која претставува една од клучните компоненти на проектот за енергетска интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија, проект од особено стратешко значење за целиот регион.

Тоа беше причина и за увидот што го направија генералниот директор на АД МЕПСО Бурим Латифи и претседателот на Управниот одбор на „Кончар“ Гордан Колак.

– Со оваа заедничка теренска посета, Латифи и Колак го потврдија максималното институционално и професионално заложување за што побрзо завршување на проектот – велат од МЕПСО.

Станува збор за инвестиција што ја надминува класичната инфраструктурна димензија, создавајќи основа за поголема енергетска сигурност, посилна регионална поврзаност и подобро позиционирање на државата на идниот европски пазар на електрична енергија.

Проектот за интерконекција со Албанија се очекува значително да придонесе за стабилноста на електроенергетскиот систем и за зголемување на капацитетите за размена и пренос на електрична енергија во регионот.

Проектот се очекува да заврши во текот на 2026-та година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk