logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ИМА 1.517.695 РАБОТОСПОСОБНИ ЛУЃЕ

Vecer | 27.02.2026

МАКЕДОНИЈА ИМА 1.517.695 РАБОТОСПОСОБНИ ЛУЃЕ

Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 3,6% споредено со истиот период од 2024 година и сега изнесува 91.388 лица, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, бројот на невработени во последниот квартал лани споредено со третиот квартал е намален за 0,4%.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57,9 %, а жени 42,1 %.

Бројот на вработени лица во последниот квартал лани, споредено со третиот квартал бележи зголемување од 0,6 %. Од вкупниот број вработени,  57,8 % се мажи, а 42,2 % се жени.

Статистика констатира дека учеството на неформалната вработеност се намалува.

Неформално вработени лица се 90 293, што е за 10,3 % помалку од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 45,9 %, има во секторот „земјоделство, шумарство и рибарство“ и 16,9 % во секторот „градежништво“.

Статистика објави дека во четврто тримесечје 2025 година во земјава бројот на работоспособно населени се изнесувал 1.517.695 луѓе. Од нив активни на пазарот се 800.911 лица. Во рамки на активното население како вработени се јавуваат 709 523 лица, додека како невработени се 91.388 лица.

Според податоците на статистика, во сивата економија се вклучени 90.293 лица.

Стапка на активност изнесува 52,8, на вработеност 46,8 и на невработеност 11.4.

1. Работоспособно население според економската активност, возрасни групи и пол четврто тримесечје 2025 година

<b>Вкупно</b><b>Мажи</b><b>Жени</b>
Работоспособно население (15+)1 517 695745 622772 073
Активно население (15-89)800 911462 954337 957
Вработени (15-89)709 523410 007299 516
Невработени (15-74)91 38852 94838 440
Неактивно население (15+)716 784282 668434 116
Стапка на активност (15-89)52.862.143.8
Стапка на активност (15-64)67.277.357.0
Стапка на активност (15-29)46.153.338.5
Стапка на вработеност (15-89)46.855.038.8
Стапка на вработеност (15-64)59.468.350.4
Стапка на вработеност (15-29)35.341.328.9
Стапка на невработеност (15-74)11.411.411.4
Стапка на невработеност (15-64)11.611.611.5
Стапка на невработеност (15-29)23.422.524.9

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk