logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА БАРА ФЕР ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА

Vecer | 05.06.2026

МАКЕДОНИЈА БАРА ФЕР ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија.

Во своето обраќање Лабудовиќ го презентира напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното законодавство со европската енергетска регулатива нагласувајќи дека транспонирањето на ЕУ-правилата претставува една од клучните обврски во рамките на реформските процеси и енергетската трансформација на државата, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Посебен акцент беше ставен на Механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (CBAM), кој во наредниот период ќе има значително влијание врз економиите во регионот. Лабудовиќ посочи дека при креирањето на идните политики и мерки неопходно е внимателно да се земат предвид специфичностите на овој механизам, особено во делот на инвестициите во обновливи извори на енергија, конкурентноста на домашната индустрија и извозниот сектор.

– Енергетската транзиција мора да биде амбициозна, но и праведна. Земјите од Западен Балкан имаат јасна европска перспектива и ги спроведуваат неопходните реформи, но процесот треба да биде проследен со конструктивен дијалог и поддршка што ќе ја препознае реалната состојба и предизвиците во регионот, истакна Лабудовиќ.

На форумот беа разгледани и можностите за понатамошно поврзување на регионалните пазари на електрична енергија, зголемување на енергетската сигурност и забрзување на инвестициите во чиста енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk