Сè повеќе млади луѓе во Холандија се принудени да живеат со своите родители поради постојан недостиг на домување, објави Заводот за статистика на CBS.
Според податоците, бројот на млади луѓе под 25 години кои влегуваат на пазарот на недвижности се намалил од 125.000 во 2023 година на 96.000 во 2024 година, што претставува пад од 12 проценти, објави „NL Times“.
Во возрасната група од 25 до 35 години, има зголемување на вкупниот број жители, но и поголем дел од оние кои сè уште живеат дома, што укажува на тежок премин кон самостојно домување.
Вкупниот број на луѓе кои купиле или изнајмиле стан во Холандија за прв пат во 2024 година се намалил на 518.000, во споредба со 560.000 претходната година.
Поголемиот дел од новите учесници на пазарот се имигранти кои доаѓаат на работа или студирање.
Во извештајот, исто така, се наведува дека промените во регулативата за кирија влијаеле на пазарот, бидејќи многу приватни сопственици на недвижности продале имоти, со што се намалил бројот на достапни станови за изнајмување.
Поради кризата со домувањето, младите луѓе сè повеќе ги одложуваат животните пресвртници како што се заедничкото живеење, бракот и основањето семејство, додека повеќе од половина од младите луѓе во Холандија изјавуваат дека не планираат да имаат деца.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата