logo
logo
logo

ЕУ смета на ефтин увоз на течен природен гас (ЛНГ) за грејната сезона? ЗАЛИХИТЕ СЕ НАЈНИСКИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ

Vecer | 04.08.2026

ЕУ смета на ефтин увоз на течен природен гас (ЛНГ) за грејната сезона? ЗАЛИХИТЕ СЕ НАЈНИСКИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ

ЕУ смета на зголемен увоз на течен природен гас (LNG) за да ги компензира невообичаено ниските залихи пред почетокот на грејната сезона, бидејќи капацитетот за складирање на гас моментално изнесува околу 57 проценти, што е најниско ниво за овој период од годината откако започнаа мерењата во 2009 година.

Официјален Брисел, сепак, верува дека нема непосредна закана за снабдувањето во текот на зимата, а Европската комисија посочува дека Европа сега има значително поголеми капацитети за увоз на течен природен гас отколку порано, објавува Bloomberg.

Новите терминали за прием на течен гас овозможија поголема флексибилност, но не го отстранија проблемот со зависноста од глобалниот пазар. Аналитичарите генерално не очекуваат недостиг, но Европа би можела да плати за поскапа енергија во текот на зимата ако глобалната понуда остане ограничена.

Колку е поблиску почетокот на грејната сезона, толку помалку простор има за евтино складирање, предупредуваат експертите.

Доколку побарувачката во Азија остане висока, европските земји ќе мора да се натпреваруваат за дополнителни количини на течен природен гас по потенцијално повисоки цени, додаде агенцијата со седиште во Њујорк.

Европската комисија наведува дека достигнувањето ниво на исполнетост на магацините од 80 проценти би било доволно за безбедна зимска сезона и дека оваа цел е технички остварлива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk