logo
logo
logo

НОВА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ, 2,9 милиони евра од унгарскиот заем

Vecer | 12.08.2026

НОВА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ, 2,9 милиони евра од унгарскиот заем

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании.

Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра.

Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор.

Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk