logo
logo
logo

ОТВОРЕН „МЕГА ШОПИНГ ПАРК”, Гевгелија станува регионален центар на шопинг туризам

Vecer | 29.05.2026

ОТВОРЕН „МЕГА ШОПИНГ ПАРК”, Гевгелија станува регионален центар на шопинг туризам

Модерен трговски центар „Мега шопинг парк” на површина од над 20 илјади квадратни метри е пуштен во употреба денеска во Гевгелија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, генералниот директор на трговскиот центар, Сотирис Јанакудакис, како и владини и општински претставници, и претставници од компанијата инвеститор „А ПЛУС 1″.

За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој би рекол прекрасен настан, овде во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во едно место коешто ќе го посетуваат сите оние коишто ќе транзитираат низ Македонија, бидејќи навистина содржините што ги нуди се импресивни, а сè уште не е целосно што се вели пуштен во употреба, изјави премиерот Мицкоски.

фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски
фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски


Како што кажа премирот Мицкоски, од неформалните разговори со сопствениците дознал дека дополнително ќе се отвораат нови продажни места, така што на Коридорот 10 кај нас во Македонија ова ќе претставува навистина едно преубаво место каде што ќе можат сите оние туристи и патници кои ќе транзитираат низ нашата земја да застанат овде, да одморат, а зошто да не и да купуваат и да пазаруваат и да си поминат навистина прекрасно, бидејќи местото само по себе е прекрасно.

Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот за поддршката којашто во текот на целата инвестиција ја даваше на инвеститорот. Да се заблагодарам на инвеститорот којшто одлучи повеќе ќе вреди, а колку повеќе вреди вашиот бизнис и колку е тој поголем, толку државата станува посилна. Тоа е една двонасочна улица, изјави Мицкоски.

фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски
фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Така што на сите страни јас би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам. Сепак десетина милиони луѓе ќе поминуваат недалеку од овде, на неколку десетици метри од овој прекрасен објект и посакувам на овој начин економијата во Гевгелија има додадена вредност и луѓето да си поминуваат прекрасни моменти користејќи ги капацитетите којшто овој објект ги нуди, додаде Мицкоски.

фото: Влада
фото: Влада


Во своите содржини „Мега шопинг парк” ќе вклучи детски забавен парк, со најголема гејминг зона и аркад центар во регионот, куглана, различни содржини од областа на мода, обувки, спорт, убавина и здравје, медицински центар, угостителство и супермаркет.

фото: Влада
фото: Влада
фото: Влада
фото: Влада

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk