logo
logo
logo

Кој купил Голф и Пасат - купил, ФОЛКСВАГЕН УКИНУВА ПОЛОВИНА ОД СВОИТЕ МОДЕЛИ

Vecer | 25.08.2026

Кој купил Голф и Пасат - купил, ФОЛКСВАГЕН УКИНУВА ПОЛОВИНА ОД СВОИТЕ МОДЕЛИ

Крај на познатите модели? Фолксваген се впушта во најголемата реорганизација во последните децении.

Групацијата Фолксваген продолжува со својата голема деловна трансформација, а нов интерен документ открива како германскиот гигант планира да ги намали трошоците и да остане конкурентен во ерата на електрификација и зголемената кинеска конкуренција.

Компанијата веќе објави дека ќе ја намали својата гама на модели за дури 50 проценти на долг рок, додека бројот на различни верзии и конфигурации би можел да се намали за 75 проценти.

Според списанието Automobilwoche, целта е да се поедностави развојот и производството, а истовремено да се забрза лансирањето на нови модели на пазарот.

Финансискиот директор Арно Антиц нагласи дека Фолксваген продолжува да инвестира повеќе од повеќето конкуренти, но дека долгорочната конкурентност бара пониски трошоци по возило. Се планира погочема комплексност на платформите (повеќе исти делови за различнимодели) и модулите, забрзување на процесите на развој и сè поголема употреба на вештачка интелигенција.

Според достапните податоци, оригиналниот инвестициски план од 180 милијарди евра за периодот 2024-2028 година веќе е намален.

Најновите проценки зборуваат за околу 160 милијарди евра инвестиции помеѓу 2026 и 2030 година, додека на долг рок таа сума би можела да се намали на нешто над 130 милијарди евра по петгодишен циклус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk