Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ, носејќи олеснување за дел од возачите.
Според одлуката, цените на бензините се намалуваат, додека дизелот останува непроменет. Еуросупер 95 поевтинува за 2,5 денари по литар, а Еуросупер 98 за 3 денари.
Новите највисоки малопродажни цени ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 84,00 ден/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98: 85,50 ден/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 95,50 ден/литар
Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 92,50 ден/литар
Мазут М-1 НС: 50,410 ден/килограм
Од РКЕ напоменуваат дека трговците можат да ги формираат цените и пониско од утврдените максимуми.
За споредба, досегашните цени беа повисоки кај бензините, додека дизелот остана на исто ниво, што значи дека најновата одлука носи директно намалување на трошоците за возачите кои користат бензин.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата