logo
logo
logo

Владата ги анализира цените

МАРЖИТЕ ПОД ЛУПА - За неосновано зголемување, ќе има мерки

Vecer | 15.07.2026

МАРЖИТЕ ПОД ЛУПА - За неосновано зголемување, ќе има мерки

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го повтори ставот на премиерот дека ако се утврди зголемување на маржите за одредени производи, првин ќе се разговара со субјектите, а потоа, ако се констатира дека покачувањето е неосновано, ќе се преземат мерки.

- И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме заедно со Владата. Ќе видиме кои ќе бидат наредни мерки. Меѓутоа, она што го кажа премиерот, јас ќе го повторам, дека онаму каде што ќе потврдиме дека има малку повисоки маржи - не секаде, некаде има и пониски од она што го покажува анализата, првин ќе се обидеме да разговараме, да видиме која е причината што ги покачиле нивните маржи. Ако утврдиме дека не е основано, тогаш ќе имаме и одредени мерки што би ги презеле, дали конкретно кон нив или поопшти мерки, ќе видиме“, рече Ристески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk