logo
logo
logo

БДП е за 120 милиони евра поголем за 2 години од оваа власт или за трипати пократко од 6 години власт на СДСМ и ДУИ

Vecer | 20.08.2026

БДП е за 120 милиони евра поголем за 2 години од оваа власт или за трипати пократко од 6 години власт на СДСМ и ДУИ

Бруто-домашниот производ е за 120 милиони евра поголем за две години владеење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ или за трипати пократок период во споредба со претходните шест години владеење на СДСМ и ДУИ - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

- Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да направам една компаративна анализа на неколку клучни параметри во економијата: еден од нив е јавниот долг, а втор е БДП. Со БДП можете да ја оцените силината на една држава, а состојбата на бруто-јавниот долг е практично колку сте позајмиле и вистински сте ги вложиле тие пари за да генерирате подобри економски резултати. Каков е заклучокот? Ако се спореди периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ со периодот на оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следните параметри: за трипати пократок период БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе. Значи, за овие две години, БДП е поголем за 120 милиони евра отколку за претходните шест години од претходната влада. Притоа јавниот долг е зголемен за нешто помалку од трипати. За нешто помалку зголемен јавен долг, а за трипати пократок период имаме зголемен БДП. Со други зборови - три спрема еден - вели Мицкоски.

Речиси, нагласува тој, таков е и односот на рејтинзите на политичките партии, но такви се и резултатите во економијата.

- Дали е тоа доволно? Не. Дали треба уште да се работи? Да, но имајќи предвид дека пред три години бевме убедливо на дното во регионот, сега сме веќе на прво или второ место кога станува збор за овие параметри - истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk