logo
logo
logo

РУСИЈА ЈА ЗАТВОРА СЛАВИНАТА: Нова забрана за извоз на гориво стапува на сила во август

Vecer | 30.07.2026

 РУСИЈА ЈА ЗАТВОРА СЛАВИНАТА: Нова забрана за извоз на гориво стапува на сила во август

Владата на Русија воведе нов привремен режим со кој се забранува извозот на одредени видови горива и усвои дополнителни мерки за зголемување на достапноста на нафтени деривати на домашниот пазар, објави руската влада.

Како што е наведено, со цел „да се одржи стабилна состојба на внатрешниот пазар на горива“, воведена е нова привремена забрана за извоз на бензин, дизел гориво, бродско гориво и гасно масло.

Одлуката стапува на сила на 1 август 2026 година и важи до 31 јануари 2027 година, објавува РИА Новости.

Забраната за извоз на бензин е продолжена за шест месеци, додека ограничувањето за извоз на дизел гориво е продолжено со одредени исклучоци.

„Од 1 септември, ограничувањата нема да важат за дизел гориво, бродско гориво и гасно масло што се извезуваат од територијата на Русија од страна на директни производители“, се наведува во владиното соопштение.

Исклучоци ќе важат и за испораките на гориво во рамките на меѓународните меѓувладини договори, како и за хуманитарна помош до странски земји врз основа на одлуките на руската влада.

Моментално, во Русија постои целосна забрана за извоз на бензин и дизел, вклучително и извоз од страна на рафинериите, а оваа мерка истекува на 31 јули.

Рускиот вицепремиер Александар Новак претходно изјави дека ограничувањата за извоз на дизел ќе бидат укинати „како што пазарот ќе се опорави“.

Тој изјави дека извозот на дизел е важен за целосно искористување на капацитетите на руските рафинерии и спречување на вишок гориво на домашниот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk