Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесуваат 4,771 милијарди евра и се пониски за 17 милиони евра во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,3%), по што следуваат монетарното злато (13,4%) и валутите и депозитите (11,2%).
Девизните резерви на крајот на март 2025 година изнесуваа 4,788 милијарди евра.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата