105 милиони евра повеќе од 2024 - ЦАРИНАТА НАПЛАТИЛА 2,14 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО 2025 ГОДИНА

Vecer | 02.01.2026

105 милиони евра повеќе од 2024 - ЦАРИНАТА НАПЛАТИЛА 2,14 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО 2025 ГОДИНА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Царинската управа во 2025 година наплатила приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година.

Раст е забележан по сите основи. Наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на моторни возила 12,5 %, од акциза за 5,9 % и од ДДВ при увоз за 3,2 %.

– На годишно ниво имаме континуиран раст на приходите, при што најголем процентуален раст од 10,6 проценти е забележан во декември, при што е реализирана наплата на приходи од 190,2 милиони евра. Кумулативно за цела 2025 година наплативме приходи од 2,14 милијарди евра или 105,1 милиони евра повеќе од лани. Податоците јасно ја покажуваат зголемената ефикасност на Царинската управа во наплатата на приходи. Ова значи повеќе средства за капитални инвестиции кои ќе генерираат одржлив економски раст, повеќе средства за здравство, за образование, за нови градинки и училишта, за инвестиции во патна и железничка инфраструктура – рече директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk