Итен состанок и последна опомена

ДПИ ГИ „УЛОВИ“ МАРКЕТИТЕ - Маржите пораснале до 5 проценти

Vecer | 03.07.2026

ДПИ ГИ „УЛОВИ“ МАРКЕТИТЕ - Маржите пораснале до 5 проценти
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) при последните контроли откри дека одредени маркети во земјава ги зголемиле своите бруто маржи за 2 до 5 проценти во споредба со истиот период минатата година. Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој најави итна реакција на Владата и порача дека трговците кои профитираат на грбот на граѓаните ќе бидат повикани на состанок за да им се упати последно и јасно предупредување.

Премиерот даде и конкретен пример за оваа појава, посочувајќи дека во маркетите каде што минатата година во јуни бруто маржата изнесувала 10 проценти, сега таа е крената на 12 или 15 проценти. Мицкоски беше дециден дека ваквото однесување е недозволиво и дека државата нема намера да го толерира ова дополнително оптоварување на семејните буџети.

„Во одредени маркети нотирано е зголемување на бруто маржата споредена со минатата година од 2 до 5%. Тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво. Да бидам конкретен со пример: ако минатата година во месец јуни бруто маржата била 10%, сега е 12 или 15%. Тоа се тие дополнителни 2 до 5%. Тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон тие. Кога би се намалиле тие 2 до 5%, тогаш практично ние би биле земја со најниска инфлација во Европа во овој момент, иако очекувам стабилизирање на инфлацијата во јуни месец, многу помала вредност во споредба со мај и со април. Но, ајде да почекаме, за една недела треба да се објават тие параметри, врз основа на бројките коишто ги добивам од Државниот пазарен инспекторат“, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk