logo
logo
logo

Трамп: “КАНАДА НЕМА ВЕЌЕ ДА БИДЕ ТРЕТИРАНА КАКО ДРЖАВА“!

Vecer | 24.08.2026

Трамп: “КАНАДА НЕМА ВЕЌЕ ДА БИДЕ ТРЕТИРАНА КАКО ДРЖАВА“!

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека САД ќе ги зголемат царините за канадски автомобили, камиони, автоделови и челик на 50 проценти почнувајќи од 1 јануари 2027 година.

Тој додаде дека производите од тие категории ќе бидат ослободени од царински давачки доколку се произведени во Соединетите Американски Држави.

Американскиот претседател ја обвини Канада дека со години наметнува „апсурдно високи“ царини за американски земјоделски производи, тврдејќи дека тоа придонело за трговски дефицит на САД со Канада од околу 60 милијарди долари.

Трамп оцени дека таков однос не е одржлив и рече дека САД „немаат потреба од Канада“, додавајќи дека Канада е многу повеќе зависна од американскиот пазар.

Според него, Канада спроведува околу 95 проценти од својата трговија со САД, што, рече тој, дополнително ја покажува нерамнотежата во односите меѓу двете земји.

„Канада повеќе нема да се третира како држава! Во однос на трговијата и другите работи, тие се меѓу најлошите нации во светот со кои се соработува“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk