Регионална средба на превозниците од регионов треба да се одржи утре, 11 август, во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната.
Ваква средба првпат се одржува во земјава и е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
– Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности – изјави за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.
Здруженијата на превозници од Западен Балкан бараат изземање на професионалните возачи од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена. Тие упатија писмо до Европската унија со барање за директна средба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата