Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година - соопшти Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %.
Според главните индустриски групи, производството во април 2026 година, во однос на април лани, бележи пораст кај Енергија за 17,2 %, Интермедијарни производи, освен Енергија, за 14,1 %, Капитални производи за 1,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 %, а опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 %.
Во периодот јануари - април годинава, пак, во споредба со истиот период од 2025, има раст на индустриското производство од 0,2 %.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата