logo
logo
logo

Од 1 јули во ЕУ ќе започне примената на ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ОД ТРИ ЕВРА ПО ПАРЧЕ ЗА МАЛИ ПРАТКИ ОД КИНА

Vecer | 16.02.2026

Од 1 јули во ЕУ ќе започне примената на ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ОД ТРИ ЕВРА ПО ПАРЧЕ ЗА МАЛИ ПРАТКИ ОД КИНА

Советот на ЕУ формално даде „зелено светло“ за воведување нови царински давачки за стоки што влегуваат во ЕУ во форма на мали пакети, а кои главно потекнуваат од Кина.

Овој потег предвидува воведување на такса од најмалку три евра по пакет. Целта е да се потисне феноменот на бесцарински увоз на вакви пакети, што создава нелојална конкуренција за продавачите во рамките на Унијата.

Се забележува дека дури 91 процент од 4,6 милијарди вакви пакети што влегле во ЕУ во 2024 година пристигнале од Кина, пишува Euronews Serbia.

Одлуката го укинува ослободувањето од царинска давачка што се однесува на пакети во вредност помала од 150 евра. Поточно, временската рамка предвидува следново:

- 1 јули 2026 година - 1 јули 2028 година (преоден период): Се воведува привремена фиксна царинска давачка во износ од три евра за стоки во вредност помала од 150 евра.

- По 2028 година (постојан систем): Привремените царини ќе бидат заменети со редовни царински стапки штом новиот царински центар за податоци на ЕУ (Data Hub) - паневропска онлајн платформа за царинење што се очекува во 2028 година - ќе стане целосно оперативен.

Како давачка од три станува шест или девет евра?

Сепак, можеби најважната промена за потрошувачите е скриена во „ситните букви“ на договорот.

Привремена фиксна царинска давачка од три евра нема да се наплаќа по пакет како целина, туку за секоја различна категорија стока (врз основа на бројот на царинската тарифа) содржана во секој поединечен пакет.

Што значи ова во пракса?

Ако некој нарача пакет што содржи, на пример:

- 1 свилена блуза (Категорија 1)

- 2 волнени блузи (Категорија 2)

Иако станува збор само за едно мало пакување, тој содржи два различни вида стока (според царинските ознаки).

Според тоа, ќе треба да се плати царина:

- три евра за свилена блуза,

- три евра за волнени блузи.

Вкупна царина: шест евра.

Доколку пакетот содржел три различни категории стоки, царината би изнесувала девет евра, итн.

Оваа мерка се однесува на мали пакети што се испраќаат директно до потрошувачите во ЕУ и се очекува да има позитивно влијание и врз буџетот на ЕУ и врз националните јавни финансии на земјите-членки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk