logo
logo
logo

Бугарија ПОВЛЕЧЕ НОВ ГОЛЕМ ПОТЕГ

Vecer | 09.07.2026

Бугарија ПОВЛЕЧЕ НОВ ГОЛЕМ ПОТЕГ

Министерството за финансии на Бугарија објави дека земјата успешно издаде обврзници со вкупна номинална вредност од 2,5 милијарди евра на меѓународниот пазар на капитал.

Ова е воедно прво задолжување на Софија на странски пазар по официјалното пристапување кон Еврозоната, пренесува БТА.

Државата го зголеми обемот на обврзници што доспеваат во 2032 и 2038 година за по една милијарда евра, додека емисијата на обврзници што доспеваат во 2045 година е зголемена за 500 милиони евра.

Станува збор за повторно отворање на постојните емисии во рамките на среднорочната програма за издавање долг на меѓународните пазари на капитал.

Обврзниците што доспеваат во 2032 година имаат фиксна годишна каматна стапка од 3,625 проценти, додека купонската стапка за емисии што доспеваат во 2038 и 2045 година е 4,125 проценти.

Остварените приноси беа 3,493 проценти за обврзницата од 2032 година, 4,271 проценти за обврзницата од 2038 година и 4,674 проценти за емисијата од 2045 година.

Интересот на инвеститорите беше голем, па вкупната побарувачка надмина 9,5 милијарди евра, што е речиси четири пати повеќе од понудениот износ.

Вицепремиерот и министер за финансии Галаб Донев оцени дека постигнатата цена за задолжување е исклучително добра за Бугарија, посочувајќи дека друга членка на Европската Унија која позајмила на меѓународниот пазар истиот ден исплатила повисок принос.

Тој додаде дека постои можност Бугарија повторно да влезе на меѓународниот пазар на капитал до крајот на годината.

Во јуни, Парламентот во Софија усвои измени на буџетот за 2025 година, со кои владата можеше да се задолжи до 3,8 милијарди евра со цел да се намали буџетскиот дефицит и да се финансираат проекти од Механизмот на ЕУ за закрепнување и отпорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk