На бензиските на Лукоил МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌА СО VISA КАРТИЧКИ

Vecer | 27.11.2025

На бензиските на Лукоил  МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌА СО VISA КАРТИЧКИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во текот на ноември годинава, бензинските станици на Лукоил Македонија беа погодени од новиот бран американски санкции насочени кон руските компании Лукоил и Роснефт. Како дел од овие мерки, беше воведена забрана за вршење трансакции со Visa картичките, што предизвика моментални тешкотии кај граѓаните кои секојдневно плаќаат нив.

Санкциите беа дел од пошироката меѓународна стратегија за притисок врз Русија со цел да ја прекине војната со Украина. Како и во останатите европски земји, така и во Македонија, Лукоил бензинските станици беа директно опфатени со оваа мерка, што значеше дека клиентите мораа привремено да користат други начини на плаќање.

По краток период на прекин, компанијата објави дека услугата со Visa картичките е нормализирана. Од 26-ти ноември 2025 година, граѓаните повторно можат без проблем да ги користат своите дебитни и кредитни Visa картички за плаќање на гориво и останати производи во сите малопродажни објекти на Лукоил Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk