logo
logo
logo

Едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена веќе следната година

АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ ГО СКРАТИ ПАТУВАЊЕТО СКОПЈЕ-АТИНА ЗА 3 ЧАСА

Vecer | 08.05.2026

АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ ГО СКРАТИ ПАТУВАЊЕТО СКОПЈЕ-АТИНА ЗА 3 ЧАСА

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.

Според Николоски веќе следната година едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена и граѓаните ќе можат да возат по нов асфалт, додека комплетното автопатско решение се очекува да биде финализирано до 2029 година.

– Автопатот Прилеп-Битола од една страна е нешто што е дамнешна желба. Од друга страна, веќе влезе во паневропските коридори. Тој коридор кога ќе биде завршен и од македонска и од грчка страна, ќе го скрати патувањето помеѓу Скопје и Атина за некаде до 3 часа, што многу ќе значи за економијата и за бизнисот. Едната страна од автопатот ќе биде целосно завршена веќе следната година, а комплетното автопатско решение заедно со сите споредни инфраструктурни објекти како: клучки, натпатници и споредни патишта, се очекува да биде финализирано до 2029 година – истакна вицепремиерот.

Според Николоски, новиот автопат ќе биде значајна алтернатива на Коридорот 10- д и ќе овозможи побрзо поврзување меѓу Скопје и Атина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk