(ВИДЕО) ГО СЕРВИСИРАА И ГО ПРЕФАРБАА ОД ШКРТАНИЦИ - Вредните работници од МЖ Транспорт успешно ставаат на шини патнички вагон

Vecer | 23.10.2026

(ВИДЕО) ГО СЕРВИСИРАА И ГО ПРЕФАРБАА ОД ШКРТАНИЦИ  - Вредните работници од МЖ Транспорт успешно ставаат на шини патнички вагон

Уште еден патнички вагон од серијата Bm наскоро ќе биде вклучен во железничкиот сообраќај, откако успешно беше сервисиран од работниците на Македонски железници – Транспорт.

Веста ја соопшти министерот за транспорт Александар Николоски, кој посочи дека продолжува работата на подобрување на капацитетите на македонските железници.

Вагонот располага со 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а неговата максимална брзина изнесува 160 километри на час.

„Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници“, порача Николоски.

Сервисирањето на патничкиот вагон е дел од активностите за обновување и подобрување на расположливите капацитети на железничкиот превоз во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk