logo
logo
logo

НЕКОЈ ОДЛУЧИЛ ДА БИДЕ ПРОТИВ ОВАА ДРЖАВА, поразително e ако се откажеме од глобалниот минимален данок

Vecer | 14.01.2026

НЕКОЈ ОДЛУЧИЛ ДА БИДЕ ПРОТИВ ОВАА ДРЖАВА, поразително e ако се откажеме од глобалниот минимален данок

Некој одлучил да биде против оваа држава.За данок кој треба да се плати, е поразително да се откажеме од нешто што компанијата сепак ќе го плати во матичната земја, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на новинарско прашање на денешната прес конференција во врска со одлуката на Уставниот суд да го укине Законот за минимален глобален данок на добивка.

Таа рече дека нема информација за некаква одлука за укинување на овој данок.

– Првпат слушам дека има некаково поништување на минималниот глобален данок, а ако има поништување на тој данок ќе кажам дека жалам затоа што тој данок компаниите ќе го платат во своите матични земји, а земјава ќе изгуби приход. Компаниите не можат да се спасат од овој данок – рече Димитриеска Кочоска.

Таа појасни дека данокот се воведе во глобални рамки и го плаќаат сите компании.

-Доколку не го платат во земјата каде што работат, овој данок компаниите ќе го платат во матичната земја, значи секако ќе го платат и сметам дека ако некој го поништил законот за овој данок е против оваа држава – рече Димитриеска Кочоска.

Уставниот суд во ноември лани поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за минимален глобален данок на добивка, бидејќи според иницијаторот тој се применува ретроактивно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk