Продолжува попустот од три денари за дизел и два денари за бензините по литар, до крајот на месецот.
Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година.
Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар.
Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката конкрајните потрошувачи.
Сепак, големопродажните и малопродажните трговци
остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата