logo
logo
logo

НОВИ ПОТРЕСИ ВО МЕРЦЕДЕС: По падот на пазарот, сега и штрајкови на вработените!

Vecer | 04.07.2026

НОВИ ПОТРЕСИ ВО МЕРЦЕДЕС: По падот на пазарот, сега и штрајкови на вработените!

Десетици илјади вработени во компанијата „Мерцедес-Бенц“ протестираа низ цела Германија против најавените мерки за штедење и евентуалното влошување на условите за работа, објави најголемиот германски индустриски синдикат IG Metal.

Според податоците на синдикатот, повеќе од 33.000 работници во фабриките во Зинделфинген, Штутгарт, Раштат, Копенхајм, Бремен, Берлин, Хамбург и Гермерсхајм учествувале во протестите, додека компанијата наведува дека бројот на учесници бил приближно половина од тој број, објавува „Шпигел“.

Причината за протестите се плановите на администрацијата за дополнително намалување на трошоците поради кризата во автомобилската индустрија.

Во писмо испратено до вработените пред околу една недела, одборот на директори на производителот на автомобили ги информираше дека „мора да продолжат интензивно да работат на намалување на трошоците“ за да останат конкурентни на цените на производите.

„И покрај сите наши напори, ситуацијата во Германија денес е драматична“, се наведува во писмото.

Околу 90.000 од околу 108.000 вработени во Германија нема да добијат очекувана вонредна исплата во јули, а оваа исплата ќе биде одложена до следната година, соопшти компанијата.

Меѓу мерките се преговорите за продолжување на работното време без зголемување на платите.

Синдикалните претставници го обвинија менаџментот дека се обидува да ги укине стекнатите работнички права и рекоа дека ќе следат нови протести доколку компанијата не се откаже од планираните мерки.

Синдикалната лидерка Кристијане Бенер изјави на состанок во Дизелдорф дека клучот за силна автомобилска индустрија „лежи во инвестициите во производи, локации и вработени“.

IG Metal објави дека акциите ќе продолжат во текот на летото и есента, вклучително и протестите кај други германски компании за производство на автомобили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk