logo
logo
logo

БОГАТИТЕ БЕГААТ! А зошто бегаат, и каде одат

Vecer | 02.07.2026

БОГАТИТЕ БЕГААТ! А зошто бегаат, и каде одат

Да, богатите во светот се селат од досегашните држави во кои перстојуваат и тоа во рекорден број. Се проценува дека 142.000 милионери се преселиле низ целиот свет во последниве години, а се предвидува дека таа бројка ќе порасне на над 165.000. Богатите семејства го третираат своето живеалиште како финансиска предност. Тие го шират своето присуство низ повеќе земји за да ги заштитат своите пари и да избегнат нестабилност.

Пониски даноци: Многумина сакаат да плаќаат помалку данок на нивниот дневен приход и да избегнат високи даноци на наследство. Безбедност: Некои ги напуштаат земјите што имаат висока стапка на криминал. Подобра политика: Други се селат за да избегаат од политички ситуации што не им се допаѓаат или од нестабилност во нивната матична земја.

До минатата година бегаа најчесто во Емиратите, Дубаи, Садиска Арабија и околните градови со даночен рај и стабилна политичка клима. Но по војната на САД и Израел со Иран, сега бегаат оттаму на други места.

А како стои “бегањето“ во Европа која се потерсува во кризи?

Лондон, некогаш финансискиот центар на Европа, не е веќе место за богатите, станува хаотичен, со многу мигранти, тензии и контнуирана политичка нестабилност. 

Сè повеќе богати поединци избираат да живеат во Италија, Грција и Швајцарија, додека на Велика Британија, Германија и Франција им е сè потешко да ги задржат своите богати жители, покажува нов извештај. И богатите мигранти сè повеќе ги заобиколуваат некогаш овие некогаш најпосакувани европски дестинации. 

Нова студија за миграцијата на луѓе со висока нето вредност, спроведена од консултантската компанија „Хенли и партнерс“, специјализирана за планирање на престој и државјанство преку инвестиции, укажува на сè поизразени разлики меѓу европските земји.

Додека поединечните земји дополнително ја зајакнуваат својата позиција како привлечни дестинации за глобално мобилните богати, најголемите европски економии се соочуваат со сè поголеми предизвици во задржувањето на своите богати граѓани, објавува Bizlife.

Европски земји кои најмногу привлекуваат богати мигранти

Кипар се најде на врвот на европската листа со резултат од 73,5. Следат Холандија (72,8), Португалија (72,5) и Италија (72,3), додека Швајцарија (70,8) и Грција (70,5) се исто така меѓу најдобро рангираните земји.

Сепак, самото рангирање не ја раскажува целата приказна. Иако Кипар, Холандија и Португалија постигнаа повисоки оценки, извештајот ги издвојува Италија, Грција и Швајцарија како едни од најатрактивните дестинации за богатите мигранти.

Италија

Третата најголема економија во Европа постигна резултат од 72,3. Според извештајот, интересот на богатите странци е поттикнат од режимот на рамномерен данок за новите жители, поволниот систем на данок на наследство и пристапот до единствениот пазар на Европската Унија. Во исто време, Милано сè повеќе се развива како финансиски центар и седиште на семејни инвестициски канцеларии.

Грција

Со резултат од 70,5, Грција е, според авторите на извештајот, еден од најголемите добитници на промените на европскиот пазар за инвестициска миграција. За ова придонесоа откажувањето на програмата „златна виза“ во Шпанија и напуштањето на моделот од страна на Португалија што овозможи добивање престој преку купување недвижен имот.

Швајцарија

Швајцарија постигна резултат од 70,8 и ги привлекува првенствено оние кои бараат политичка стабилност и безбедност за да го зачуваат капиталот во услови на зголемена геополитичка неизвесност.

Земји што ја губат својата привлечност

Богатите најчесто заминуваат од Велика Британија, а потоа, гледан надвор од Европа, од Кина, Индија, Јужна Кореја, Русија и Бразил. Војните кои се случуваат но, и војните кои богатите ги претпоставуваат како и социјалните тензии се најголем мотив за “трансфер“.

На другиот крај од листата се некои од најголемите европски економии што Хенли сè уште ги смета за конкурентни, но под зголемен притисок: Германија (69,7), Норвешка (69,0), Велика Британија (68,3) и Франција (65,7).

Компанијата конкретно укажува на растечкиот притисок во Велика Британија (Обединетото Кралство). Бројот на барања од клиенти со британска адреса се зголеми за 15 проценти помеѓу 2024 и 2025 година.

Во исто време, Велика Британија напредуваше од 20-то место меѓу пазарите од кои доаѓаат новите клиенти на компанијата во 2018 година до точката каде што редовно се рангира меѓу првите пет денес.

Според извештајот, причините за ова се укинувањето на даночниот режим за таканаречените жители кои не се жители на земјата, промените во данокот на наследство, прекинувањето на програмата Tier 1 Investor Visa и пошироката фискална несигурност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk