logo
logo
logo

НОВИ МЕРКИ ПРОТИВ РУСИЈА

21. ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ МОСКВА - ЕУ го замрзна лимитот за цената на руската нафта

Vecer | 23.07.2026

21. ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ МОСКВА - ЕУ го замрзна лимитот за цената на руската нафта

По неколку дена преговори и дипломатски притисоци, Европската унија постигна договор за новиот, 21 пакет санцкии против Русија. Најголемата пречка за неговото усвојување беше барањето на Атина, која инсистираше грчките бродари да продолжат да транспортираат руски течен гас кон трети земји.

Попладнево ќе биде покрената писмена постапка за формално донесување на одлуката за новите рестриктивни мерки. Дипломатски извори потврдуваат дека преговорите траеле со денови поради барањата на Атина.

Последната пречка за усвојување на пакетот беше грчкото барање. Атина инсистираше да им се овозможи на нејзините бродари и понатаму да вршат транспорт на руски течен гас наменет за трети земји.

Двете страни утринава постигнаа компромисно решение. Договорот предвидува ограничено изземање од забраната за транспорт. Оваа отстапка важи исклучиво за договори кои се склучени пред 24 февруари 2022 година, датумот кога започна руската инвазија на Украина. Советот на ЕУ еднаш годишно ќе го преиспитува одобреното изземање.

Покрај мерките за течниот гас, 21. пакет санкции директно таргетира и друг енергенс. Договорот опфаќа замрзнување на горната граница на цената на руската нафта. Ова ограничување ќе трае 12 месеци и се задржува на сегашното ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk