logo
logo
logo

Нафтата „падна“, но ОСТАНУВА ПОСКАПА ОТКОЛКУ ПРЕД КОНФЛИКТОТ

Vecer | 08.04.2026

Нафтата „падна“, но ОСТАНУВА ПОСКАПА ОТКОЛКУ ПРЕД КОНФЛИКТОТ

Цените на суровата нафта нагло паднаа под 100 долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се согласиле на двонеделен прекин на огнот со Иран, предложен од Пакистан.

Референтната цена на сурова нафта од типот „Брент“ падна за околу 16 проценти, на околу 92 долари за барел, но сепак останува далеку над нивото од околу 73 долари за барел на кое беше непосредно пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток на крајот на февруари. Референтната цена на американската сурова нафта од типот WTI падна за околу 19 проценти, на околу 92 долари за барел.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го прифаќа предлогот на Пакистан и дека ќе ги суспендира заканатите за бомбардирање на енергетската инфраструктира и мостовите во Иран за две недели. Рече дека договорот е условен од тоа Иран целосно да го отвори Ормускиот Теснец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk