logo
logo
logo

10 до 15 отсто поевтин приборот за школо, благодарение на училишната кошничка

Vecer | 27.08.2026

10 до 15 отсто поевтин приборот за школо, благодарение на училишната кошничка

До 30 септември годинава ќе важат намалени цени на училишниот прибор, откако Владата донесе мерка со која трговците на големо и мало се задолжуваат да ги намалат цените на производите потребни за почетокот на учебната година.

Според ВМРО-ДПМНЕ, трговците на големо треба да ги намалат цените за најмалку 10 отсто, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15 отсто.

Мерката опфаќа голем број производи што им се потребни на учениците, меѓу кои ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали.

Од партијата посочуваат дека ова е трета година по ред во која Владата воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година. Целта, како што наведуваат, е да им се помогне на родителите полесно да ги покријат трошоците во септември и да се намали притисокот врз семејните буџети.

Особено значајна заштеда, според ВМРО-ДПМНЕ, мерката може да донесе за семејствата со повеќе деца, кои во периодот пред почетокот на учебната година имаат поголеми трошоци за набавка на училишен прибор.

Од партијата додаваат дека со пониските цени родителите ќе можат полесно да го обезбедат потребниот прибор, а почетокот на учебната година да биде помал финансиски товар за семејствата.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека мерката е дел од политиките насочени кон директна поддршка на граѓаните и зачувување на нивниот животен стандард.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk