logo
logo
logo

УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година

Vecer | 27.05.2026

УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат, односно коригираат доколку има потреба.

Како што се посочува во соопштението, по истекот на рокот, односно од 2 јуни 2026 година, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните пријави ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи апелира до даночните обврзници, пред истекот на рокот, да ги проверат своите годишни даночни пријави и, доколку податоците се точни, истите да ги потврдат, а доколку не се согласуваат со изнесените податоци, да ги коригираат. Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на електронската адреса [email protected] или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk