logo
logo
logo

Убавата Захариева го бара да го има она што веќе го има

Vecer | 03.02.2021

Убавата Захариева го бара да го има она што веќе го има

Бугарија сака да има бугарски културен центар во Македонија. Ова го изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, откако македонскиот премиеро Зоран Заев најави српски културен центар.

Според неа, бугарската влада официјално не реагирала на изучувањето на српскиот јазик во Македонија, бидејќи тоа е внатрешно прашање.

„Не можеме да се мешаме во воведувањето на српскиот јазик и нивниот културен центар, но исто така сакаме да имаме бугарски културен центар“, рече Захариева.

Таа оцени дека нема нормален пат или нормална пруга помеѓу Бугарија и Македонија и дека бугарските компании во Скопје се соочуваат со административни бариери.

Таа исто така рече дека единствената фашистичка нација во македонските учебници е бугарска и дека верува дека Бугарите не се фашисти.

„Во тој случај и Италијанците и Албанците треба да бидат наведени како фашисти бидејќи тие беа сојузници на Германија во тој историски период“, рече таа.

Таа им се заблагодари на македонските власти што ги затворија профилите на Фејсбук на кои беше објавен говор на омраза против Бугарија и посочи дека најважно е да се смират емоциите, бидејќи, како што додаде, доколку не се решат проблемите на двете земји, тие ќе бидат во загуба.

Па, драги наши, Захариева го бара она што Бугарија веќе го има во Македонија. Со просто пребарување на гугл, може да се утврди дека во Македонија постојат повеќе бугарски културни центри, а не само еден.

[caption id="attachment_804857" align="alignnone" width="650"]бугарски културен центар бугарски културен центар[/caption]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk