Вондредна состојба во Грција

ВИДЕО | СТРАШНИ СЦЕНИ - Нов пожар се разгоре, властите со строга забрана за жителит

Vecer | 31.07.2026

ВИДЕО | СТРАШНИ СЦЕНИ - Нов пожар се разгоре, властите со строга забрана за жителит
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Огнената стихија и натаму беснее во Грција, каде пожарите трет ден по ред остануваат актинив во повеќе региони. Најкритична е состојбата во јужниот дел на ретимно на островот Крит, каде пожарникарите водат тешка битка со пламените јазици, а силниот ветер и непристапниот терен го отежнуваат гасењето и придонесуваат огнот повторно да се зазгорува на одделни локации. 

WATCH : A huge forest fire broke out on the Greek island of Crete.

Hundreds of tourists were safely moved out of resorts and central areas as strong winds quickly pushed the flames toward hotels. https://t.co/1bbOQOSsuh pic.twitter.com/6Um3Vnoxal

— Inside the conflict (@InsidConflict) July 30, 2026

Пожарите се уште се активни во неколку области во Грција трет ден, а пожарот во јужниот дел на Ретимно на Крит им предизвикува најголеми проблеми на пожарникарите.

Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно е отежнато од силните ветрови и непристапниот терен, што доведува до повторно ширење на пожарот на одредени локации.

⚠️🔥Δύσκολη κατάσταση στο νησί της Πάρου και συγκεκριμένα στην περιοχή Γλυφά και η Τρυπητή.

Βίντεο : ΙΩ Αννα #παρος #fire #cyclades #greece pic.twitter.com/Bgmoxv0il0

— Forecast Weather Greece (@ForecastGreece) July 30, 2026

Во областа на Ретимно, ангажирани се противпожарни екипи од различни делови на Крит, вклучувајќи пешадиски единици и членови на специјални противпожарни екипи. Во акцијата учествуваат и механизација од копно, цистерни за вода, градежни машини на локалните самоуправи, како и жители на погодените села и волонтери, објави „Прототема“.

Поради зголемениот ризик од нови пожари, властите привремено го ограничија сообраќајот и престојот на граѓаните во одредени шумски области на Патрас. Забраната важи од 21:00 до 06:00 часот и се однесува на неколку шумски патишта и заштитени зони. Исклучени се постојаните жители, вработените, сопствениците на земјиште, сточарите и луѓето што ги користат главните патни правци.

Нов пожар избувна во шумската област Фалаиси, во општината Мегалополис во Аркадија.

Според податоците на противпожарната служба, пожарот е пријавен околу 23.10 часот, а на терен се распоредени 48 пожарникари, три пешадиски единици и 12 противпожарни возила

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk