Голем пожар доцна синоќа избувна на хрватскиот остров Брач, при што огнената стихија се прошири во пределот меѓу Ложишќе и Драчевица. На терен се ангажирани околу 40 пожарникари, а гаснењето дополнително го отежнува силниот ветер кој постојано го менува правецот.
„На терен има 40 пожарникари и 13 возила, кои сме принудени да ги прераспоредиме на неколку места бидејќи ветерот го менува правецот на дување, па се менува и правецот на пламенот на пожарот“, изјавија од Противпожарната станица во Брач.
Тие истакнаа дека станува збор за голем пожар на ненаселен и непристапен терен и дека според првите информации, куќите не се загрозени. Полицијата го затвори локалниот пат поради пожарот, јавуваат локалните медиуми.
„Пожарникарите успеаја да го одбранат Ложишќе и сега борбата против пожарот во областа Бобовишќе е во тек“, ѝ беше кажано рано утрово околу 4 часот.
Пожарникарите додадоа дека локалниот далновод е исклучен, а локалниот пат е затворен за сообраќај.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата