logo
logo
logo

ОПАСНОСТ ОД КОМАРЦИ

ТРЕВОГА ВО СОСЕДСТВОТО - Западнонилската треска се шири, Грција бележи 21 случај

Vecer | 23.07.2026

ТРЕВОГА ВО СОСЕДСТВОТО - Западнонилската треска се шири, Грција бележи 21 случај

Западнонилската треска повторно се шири низ Европа, а најблиску до нас е регистрирана во Грција, каде бројот на заразени достигна 21 лице. Дел од пациентите имале посериозни симптоми, а случаи на вирусот се пријавени во македонија и други европски земји, објави „Гр тајмс“.

Грчката национална организација за јавно здравје (ЕОДИ) соопшти дека 20 од заразените пациенти во земјата развиле тешки симптоми , меѓу кои енцефалитис, менингитис или парализа.

Во изминатата недела биле регистрирани 14 нови случаи, а 13 пациенти се на болничко лекување. Досега нема пријавени смртни случаи.

Најмногу случаи се регистрирани во областа Атика, меѓу другото во Спата-Артемида, Маркопуло, Вари, Коропи, Лаврио, Неа Јонија, Атина и во Глифада.

Поединечни случаи се пријавени и во Лариса и во Палама.

Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни луѓе и луѓе со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации.

Вирусот се смета за ендемски во Грција од 2010 година, а неговото повторно појавување се очекува во летните месеци. Слична епидемиолошка состојба е забележана и во Италија, Македонија, Романија и во Шпанија.

ЕОДИ апелира до надлежните институции да продолжат со внимателно следење на состојбата и со систематска контрола на комарците, а граѓаните строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk