logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА КАЈ ГРЦИЈА: Потона брод со 77 мигранти, околу 25 лица се водат како исчезнати

Vecer | 14.09.2026

ТРАГЕДИЈА КАЈ ГРЦИЈА: Потона брод со 77 мигранти, околу 25 лица се водат како исчезнати

Околу 25 лица се водат како исчезнати откако брод со мигранти се преврте и потона околу 38 наутички милји јужно од грчкиот остров Гавдос, соопштија грчките власти, објави Синхуа, повикувајќи се на грчката државна телевизија ЕРТ.

Според преживеаните, на бродот имало вкупно 77 лица. 52 лица биле спасени од бродови во областа, а едно лице било пронајдено во бесвест.

Спасувачката операција продолжи во недела навечер со учество на бродови на грчката крајбрежна стража и европската гранична агенција Фронтекс. Во потрагата беа вклучени и хеликоптер на грчкото воздухопловство и авион на Фронтекс.

Бродот првично се превртел, а потоа потонал. Грчките власти не соопштија за каков тип на брод станува збор, ниту за националноста на лицата на бродот.

Гавдос е најјужниот населен грчки остров и се наоѓа јужно од Крит во Либиското Море. Морската област околу островот стана важна рута за бродовите со мигранти што патуваат кон Грција од Северна Африка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk