Напнатоста меѓу Грција и Турција повторно се одрази и во воздушниот простор над Егејското Море, каде во текот на вчерашниот ден биле регистрирани четири нарушувања од турски беспилотни летала и едно прекршување од турски воени авиони Ф-16. Според информациите на грчкиот Генералштаб за национална одбрана, инцидентите се случиле во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејот, а сите воздушни средства биле идентификувани и пресретнати согласно меѓународните правила. Во формацијата биле регистрирани два Ф-16, еден авион ЦН-235 и две беспилотни летала, при што дел од турските воздушни средства биле вооружени.
Според информациите од Генералштабот на грчката национална одбрана, биле регистрирани два Ф-16 во една формација, еден авион ЦН-235 и две беспилотни летала, четирите нарушувања биле од дроновите, а две од турските воздушни средства биле вооружен.
Сите воздушни средства биле идентификувани и пресретнати согласно меѓународните правила.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата