logo
logo
logo

СКАНДАЛ ВО ХРВАТСКА: Европратеничка носела блиски на службено патување, ги претставила како доктори и професори

Vecer | 08.10.2026

СКАНДАЛ ВО ХРВАТСКА: Европратеничка носела блиски на службено патување, ги претставила како доктори и професори

Хрватската Социјалдемократска партија (СДП) ќе покрене дисциплинска постапка против европратеничката Романа Јерковиќ Краљиќ поради случај поврзан со патување во Европскиот парламент на кое, според објавените информации, биле вклучени нејзини блиски луѓе.

Случајот привлече внимание откако беше објавено дека меѓу учесниците имало роднини и пријатели на европратеничката, а дел од нив на списокот биле наведени со титули и функции поврзани со Медицинскиот факултет и Клиничкиот болнички центар во Риека.

Лидерот на СДП, Синиша Хајдаш Дончиќ, веднаш по објавувањето на информациите побара објаснување од европратеничката, нагласувајќи дека јавните средства треба да се користат за јавни цели и дека семејните и пријателските врски не треба да носат приватни поволности на товар на граѓаните.

Од групата С&Д во Европскиот парламент, во која членува СДП, соопштија дека финансиските правила биле почитувани.

По покренувањето на дисциплинската постапка, Краљиќ ќе има можност да ги изнесе своите аргументи пред сопартијците. Во хрватските медиуми се наведува дека постои можност таа да биде исклучена од СДП, со што партијата би останала со три европратеници наместо досегашните четири.

Според „Политико“, кој прв го објавил случајот, трошоците за патувањето изнесувале околу 12.000 евра, додека за вечерата биле издвоени 1.120 евра.

Во меѓувреме, медиумот објавил и дополнителни детали од документацијата, вклучително и списокот на учесници и начинот на кој биле наведени нивните титули.

Сестрата на европратеничката, Рената Јерковиќ, во списокот била наведена како асистентка на Медицинскиот оддел на Универзитетот во Риека. Нејзиниот партнер Марио Друфовка бил наведен како лекар во КБЦ Риека.

Историчарот на уметност Теодор де Канѕијани бил наведен како професор кој работи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Риека, како и актерот Мирко Солдано. Локалниот асистент на европратеникот во Европскиот парламент, Бранко Вукшиќ, бил наведен како лекар во КБЦ Риека.

Медицинскиот факултет во Риека не одговорил на прашањата на „Политико“ дали меѓу неговите вработени има лица со тие имиња. Одговор не стигнал ниту од КБЦ Риека.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk