logo
logo
logo

Овие девојки се апсени за ЕЛИТНА ПРОСТИТУЦИЈА: Повеќето од нив ѕвезди од реални шоуа

Vecer | 11.04.2022

Овие девојки се апсени за ЕЛИТНА ПРОСТИТУЦИЈА: Повеќето од нив ѕвезди од реални шоуа

Учесничка во реално шоу рано утринава била уапсена поради елитна проституција, а заедно со неа уште неколку девојки - колешки и нивните макроа, дознава српски Курир. Според нивните извори, станува збор за девојка која на јавноста и станала позната пред неколку години, кога влезе во реално шоу. Таа веднаш ги придоби симпатиите на гледачите, поради нејзината тажна животна приказна која ја сподели со јавноста.

Ова не е прв пат познатите личности, особено старлетите, да се доведуваат во контекст со најстариот занает и јавно да се распнуваат, додека често зад иницијалите стојат оние кои се на врвот на синџирот на проституција и се одговорни за судбината на девојките кои работат за нив.

 

Maca Diskrecija

Пред две години, познатата учесничка во реални шоуа Сенада Нуркиќ, попозната како Маца Дискреција, беше уапсена во еден белградски хотел поради проституција, наводно додека била со клиент. Како што пишуваа медиумите, таа потоа завршила кај судија за прекршоци, а била осудена на затворска казна која може да биде заменета со парична казна. Откако Маца веднаш ја платила сумата за да избегне затвор, била пуштена на слобода. Ова не беше прв пат Сенада да добие прекршочна пријава за вршење на најстариот занает. Таа уште во јануари 2017 година призна дека се занимава со проституција, па дури и јавно проговори за својот ценовник.

Tijana Ajfon

Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, беше уапсена во 2020 година под сомнение за поткуп и организирана проституција, кога наводно со чамец се обидела илегално да ја премине границата преку реката Дрина, со уште три девојки кои ги носела на забава.

Mimi Oro

Уште една девојка која е „излезена“ од реалношоу е Милица Живановиќ алијас Мими Оро, и таа беше поврзувана со проституција. Кон крајот на 2014 година беше уапсена во Белград заедно со уште неколку девојки. Дури и поминала неколку дена во затвор затоа што одбила да плати казна.

Zeljka Rolovic

Поради сомневање дека се занимавала со организирање на елитна проституција во Црна Гора, Жељка Роловиќ, попозната како Мадам Жељка, неколку пати била апсена. Како што пишуваат медиумите, хрватските спортисти и ТВ лица биле чести гости на јахтите на нејзините клиенти. Кога била уапсена за време на акцијата „Кукла“, таа поминала девет дена во затвор, а потоа наводно платила 4.000 евра кауција за да се одбрани од слобода. Подоцна ја признала својата вина и се нагодила да не оди повеќе во затвор. Со обвинителството се спогодила во 2016 година, па е осудена на парична казна од 2.500 евра.

Božana Vujinović

Божана Вујиновиќ од Бања Лука, позната под прекарот „Божана Неодољива Неумољива“, е уапсена поради проституција заедно со Мими Оро во 2014 година. Во 2015 година медиумите ја поврзаа и со аферата „Харем“. Таа тогаш изјави дека „тоа нема врска со проституција и дека во Дубаи престојувала исклучиво за туризам и за фотографирање“. Мина Врбашки јавно во Задругата призна дека се занимавала со проституција, што ја изненади јавноста, но и нејзиното семејство. Особено затоа што во тоа време беше малолетна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk