logo
logo
logo

ОПАСНА РИБА-ЗАЈАК КАСНА ТУРИСТКА КАЈ ЗАКИНТОС: Британката итно пренесена во болница

Vecer | 29.09.2026

ОПАСНА РИБА-ЗАЈАК КАСНА ТУРИСТКА КАЈ ЗАКИНТОС: Британката итно пренесена во болница

Британска туристка итно била пренесена во болница откако била касната од опасна риба-зајак во морето кај Грција, објави „Дејли мејл“.

Таа им кажала на лекарите дека ја каснала риба, а медицинскиот персонал ѝ ја санирал повредата и ѝ укажал прва помош. Според првичните информации, најверојатно станува збор за риба-зајак, вид со остри заби кој во последните месеци сè почесто се забележува во Средоземното Море.

Пристанишните власти го истражуваат случајот.

Инвазивниот вид досега е забележан на повеќе места во Грција. Властите таму итно поставуваат големи морски бариери за да ги оддалечат рибите од местата каде што се капат луѓето.

Рибата-зајак може да предизвика сериозни повреди со каснување, а нејзиното месо и органи можат да бидат смртоносни бидејќи содржат невротоксин тетродотоксин. Токсинот при консумирање може да предизвика откажување на срцето и белите дробови.

Овој вид вообичаено живее во Индискиот Океан, но во последните години се проширил и во Средоземното Море. Научниците веруваат дека рибата стигнала таму преку Суецкиот Канал од Црвеното Море, а климатските промени и повисоките температури на водата создаваат услови за нејзино ширење низ Средоземното Море.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk