(ВИДЕО) „МИ ПУКНА ФИЛМОТ, ЈА ПОЛИВ СО ЈОГУРТ“ – жената што ја нападна актерката Вукиќевиќ откри зошто го направила тоа

Vecer | 18.11.2026

(ВИДЕО) „МИ ПУКНА ФИЛМОТ, ЈА ПОЛИВ СО ЈОГУРТ“ – жената што ја нападна актерката Вукиќевиќ откри зошто го направила тоа
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Жената која вчера ја потури со јогурт актерката Лидија Вукиќевиќ изјави дека е подготвена да одговара за својата постапка, но нагласи дека тоа била нејзина лична реакција и дека не била поттикната ниту поддржана од Студентската листа.

Марија Радовановиќ, која е поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, ја поли Вукиќевиќ со јогурт на скалите пред српското Собрание, непосредно пред почетокот на првата седница на новиот собраниски состав.

По инцидентот, таа на социјалните мрежи призна дека нејзиниот потег заслужува осуда, но го објасни со револтот од, како што вели, надменото однесување и од навредливото обраќање на актерката кон насобраните граѓани.

„Ми пукна филмот, од чантата го извадив јогуртот што го понесов за појадок и ја полив. Лично сметам дека таа, како членка на организирана криминална група на СНС, треба да биде казнета за сè што набројав. Но не на овој начин, туку со судска одлука. Исто така, сметам дека и јас треба да одговарам за својата постапка согласно законот“, напиша Радовановиќ.

Vučićeva zastupnica i glumica Lidija Vukićević krenula u skupštinsku salu da preumne zastupnički mandat https://t.co/PsNM3ySsj5

— Slobodna Bosna (@SlobodnaBosna) November 17, 2026

Таа објасни дека реагирала од насобран револт кон СНС и кон нивното 14-годишно владеење, како и поради политичките и општествените настани во изминатите години.

Радовановиќ соопшти дека полицијата ја повикала да даде изјава и дека јавниот обвинител не утврдил елементи на кривично дело за кое би ја гонел. Сепак, најавена е прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Таа посебно нагласи дека зад инцидентот не стои Студентската листа и дека никој не ја испратил, поттикнал или поддржал да го направи тоа.

„Ова беше исклучиво мој личен чин. За ова одговорна сум само јас и никој друг. Никој освен мене не треба да презема одговорност за она што го направив во момент на афект“, порача Радовановиќ.

Во вчерашната изјава за „Нова.рс“, таа повторно рече дека реагирала спонтано, откако ја видела Вукиќевиќ како надмено влегува во Собранието. Тврди дека актерката ја полила со јогурт по косата, но не ја кубела ниту ја влечела за палтото, како што подоцна тврдеше Вукиќевиќ.

По инцидентот се огласија и студентите на Медицинскиот факултет во Белград, кои се оградија од овој чин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk