logo
logo
logo

ХРВАТСКА ГОРИ ПОД ТОПЛОТЕН УДАР - Реките на историски минимум, се заканува сушење на две водени артерии

Vecer | 05.08.2026

ХРВАТСКА ГОРИ ПОД ТОПЛОТЕН УДАР - Реките на историски минимум, се заканува сушење на две водени артерии

Топлотниот бран ја стави Хрватска под црвен аларм – реките пресушуваат, а сушата почнува да ја погодува енергетиката и секојдневното функционирање. Поради рекордно високите температури на водата во Сава, нуклеарната централа „Кршко“ ќе го намали производството на струја за една петтина, додека две реки се соочуваат со опасно ниски нивоа.

На истокот од земјата, реките Дунав и Драва достигнаа рекордно ниско ниво на вода. „Хрватски води“ предупредуваат дека реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин би можеле да пресушат во наредните денови. Ниските нивоа на водата веќе ја отежнуваат навигацијата, го запираат фериботскиот сообраќај во Оборово и предизвикуваат проблеми за рибниците и дел од водоснабдувањето во Славонија и Далмација.

ДХМЗ издаде црвено предупредување за екстремна топлина за цела Хрватска за денес и утре, а метеоролошката служба Severe Weather Europe најавува дека температурите на истокот од земјата би можеле да достигнат 42°C до утре. Освежување се очекува од петок, кога ќе пристигнат дождови, грмотевици и значително пониски температури, прво на копно, а потоа и на Јадранското Море.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk