logo
logo
logo

Не било до фламенго птиците, АЛБАНСКАТА МАФИЈА СТОИ ЗАД ПРОЕКТОТ НА КУШНЕР/ТРАМП

Vecer | 14.06.2026

Не било до фламенго птиците, АЛБАНСКАТА МАФИЈА СТОИ ЗАД ПРОЕКТОТ НА КУШНЕР/ТРАМП

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал во Албанија (СПАК) издаде налози за апсење на 20 лица и нареди превентивна заплена на имот во вредност од над 128,4 милиони евра.

Истрагата е насочена кон меѓународна трговија со кокаин, а медиумите јавуваат дека дел од замрзнатите средства и недвижности се директно поврзани со земјиштето каде што се планира изградба на луксузен туристички комплекс зад кој стојат членови на семејството на Доналд Трамп.

Истрага за нарко-пари во крајбрежните недвижности

Според официјалното соопштение на Специјалното обвинителство, со истрагата се откриени сложени операции чија цел била прикривање на потеклото на нелегалните приходи од трговија со дрога и нивно интегрирање во формалната економија. Судските власти наредија заплена на неколку недвижности и купопродажни договори на атрактивни локации во Тирана, Паласа, Химара и други крајбрежни области.

Иако обвинителството не ја именува директно компанијата, дел од албанските медиуми ја поврзуваат со фирма за развој на недвижности за која се тврди дека има врски со земјишни трансакции во областа Звернец, на локација каде што е предвиден мега-туристичкиот проект раководен од Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.

Истражувачкиот портал Репортер.ал наведува дека зад иницијалите А.Ш. најверојатно стои Артур Шеху, кој се јавува како клучен продавач на земјиштето на споменатата компанија. До саботата навечер, од вкупно 20 лица опфатени со налозите, уапсени се четири.

Масовни протести и притисок врз премиерот Еди Рама

Контроверзите околу изградбата на луксузниот комплекс на заштитеното крајбрежје веќе две недели предизвикуваат сериозни социјални немири. Илјадници граѓани секоја вечер излегуваат на масовни протести во главниот град Тирана, незадоволни од плановите за бетонизација на полустровот Звернец и еколошки ранливиот, ненаселен остров Сазан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk